Основач е на алтернативниот театар „МОМО“,
има работено во Франција и во Англија и во тек на кариерата ги има поставувано
Чехов, но и модерните автори Елфриде
Јелинек, Питер Хандке, Даниел Хармс итн . Зборуваме за режисерот Веселин Димов
од Бугарија кој заедно со нас (театар„Пи“) во моментов ја работи претставата
„69“. Овој пат го заскокоткаа четири едночинки од современиот американски
писател и добитник на „Оскар“, Алан Бол врз кој е направен нашиот нов проект.
Веселин живее во Софија каде што има и дипломирано
театарска режија на НАТФИЗ, но изминатиов период престојува во Скопје и заедно
со професионалните актери Златко Митрески и Македонка Илиевска се фокуриани на
„69“. Премиерата ќе се случи на 20 декември во џепното кино на Младинскиот културен
центар во Скопје, а ќе ја играме и на 19 и 21 декември. За само неколку дена ќе објавиме и информации за тоа колку ќе чини билетот и каде можете да си
резервирате место.
Веселин има режирано во голем број на државни
театри во Бугарија, но негов интерес се и современите форми на изразување кои
ги истражува како основач на „МОМО“. Ѕирнете дел од проектите на оваа театарска
компанија
http://vimeo.com/theatrecompanymomo
No comments:
Post a Comment